Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Самсоненко спонзор и на ЦСКА Москва, вест која предмалку ја објавија московјани на нивниот сајт
Самсоненко спонзор и на ЦСКА Москва, вест која предмалку ја објавија московјани на нивниот сајт

Самсоненко спонзор и на ЦСКА Москва, вест која предмалку ја објавија московјани на нивниот сајт

Сопственикот на брендот Вардар, првиот човек на нашите црвено-црните тимови г-н Сергеј Самсоненко, кој е претставник на обложувалницата „Бет Сити“ ќе биде  спонзор во најпознатиот руски клуб ЦСКА Москва. Клубот на својата официјална страница -види ја промовираше соработката. Истата  ќе биде на сила во наредните пет години. Компанијата  “Бет Сити“ ќе биде еден од важните спонзори на московјани. Во московскиот клуб компанијата “Бет Сити“ влегува како спонзор, истата компанија не фунционира во земјава од пред извесен период. Ова не менува ништо во сопственоста на нашиот клуб. Интересен факт е што пред извесно време проструи информација дека ЦСКА и Вардар ќе играат тест натпревар.

Ова е почеток на една убава соработка, а нашата компанија за спортско обложување секогаш сака да го помага и популаризира спортот во нашата земја. Се надеваме дека оваа соработка ќе биде значајна и долгорочна и дека ќе се темели на идни заеднички успеси“, изјави Сергеј Самсоненко за официјалниот веб-сајт на ЦСКА .