Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар стартува денес во 17ч. со собирот во тренинг-базата Хиподром
ФК Вардар стартува денес во 17ч. со собирот во  тренинг-базата Хиподром

ФК Вардар стартува денес во 17ч. со собирот во тренинг-базата Хиподром

Одморот за фудбалерите на црвено-црниот фудбалски колектив веќе е завршен. По обавените лекарски прегледи изминатите денови почнуваат тренинзи. Македонскиот фудбалски првак денес, 14 јуни официјално ќе започне со подготовки за квалификациите за Лигата на шампионите.

Вардарци попладнево  ќе се соберат во тренинг-базата во Хиподром  од 17-00 часот, а првиот тренинг ќе го имаат од 17-30 часот. Според планот тимот  ќе остане во Скопје до недела ,18.06,  потоа експедицијата се сели во Австрија, во Бад Татцмансдорф каде ќе се работи до 2. јули и каде ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари.

Денес како што беше најавено  ќе отсуствуваат младинските репрезентативци Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бесир Демири, Висар Муслиу, Петар Петковски и Бобан Николов кои што имаат обврски со селекцијата У-21.