Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки ќе бидат во првиот барабан за ждрепката за ЕХФ ЛШ
Вардарки ќе бидат во првиот барабан за ждрепката за ЕХФ ЛШ

Вардарки ќе бидат во првиот барабан за ждрепката за ЕХФ ЛШ

Ждрепката за новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите во женска конкуренција  е закажана за 30 јуни во Љубљана. Нашиот   Вардар ќе биде во првиот барабан. Сѐ уште нема детали за останатите групи и се чека потврда на сите екипи што в година ќе играат во ЛШ, дали директно или преку квалификации.

Пристигнати се досега дури 25 пријави од клубови за настап во ЛШ. На таа листа се 18 прваци на своите земји и уште две екипи кои доаѓаат од земјите со нависок клупски рејтинг, Унгарија и Данска. Уште пет екипи дополнително бараа место во лигата на шампионите. Од  Холандија, Португалија, Словачка, Србија, Швајцарија и Украина нема пријава за место во лигата на шампионите. Конечната листа на учесници ќе биде позната на 24 јуни по состанокот на Извршниот Комитет на ЕХФ во Загреб.