Еден од најзаслужните што денеска Вардар одигра одличен натпревар и не загуби е токму младиот брзоног крилен фудбалер Матеј Цветаноски. Цветаноски одигра маестрален натпревар, изнуди пенал во првиот дел, а беше и асистент при вториот погодок на Али Адем. Освен тоа, на моменти правеше и потези што ги збунуваа гостинските фудбалери.
По натпреварот, „Вардар Фанс” поразговара со Цветаноски кој ги сподели импресиите по дуелот и очекувањата за втората полуетапа.
„Денеска одигравме како вистински тим. Штета што при две водства, на крајот не успеавме да победиме. Мислам дека ова е добра предност пред пролетниот дел, но, не треба да се опуштаме туку да одиграме и напролет како и досега. Благодарност до Комитите и сите навивачи на Вардар, за големата поддршка” , изјави Матеј Цветаноски.
Димитар Гогов