21-ви јули ќе биде вистински празник за љубителите на Македонскиот фудбал и пред се за навивачите на најголемиот бренд во Македонија. Црвено-црните по една помината сезона, се враќаат на настапите во квалификациите за Лигата на Шампионите. Ждрепката сакаше да ни падне шампионот на Кипар, Апоел од Никозија. Првиот од двата дуели е закажан за една седмица на гостински терен. Резултатот од првиот натпревар ќе има големо влијание, за реваншот по седум дена во Скопје. Се надеваме дека нашите играчи ќе го дадат максиумот да одигаат добар меч и да извлечат поволен резултат од ова тешко гостување.
Пред три години бевме блиску да го поминеме второто квалификациско коло, откако на реваншот во Скопје со екипата на Бате Борисов ни беше потребен минимален триумф. Претходно на теренот на Белорусите, иако имавме предност од 0:1, во последните неколку минути примивме два погодоци и резултатот заврши 3:2 за домакините. Сите ни останува во сеќавање, како беше на реваншот на Арената Филип втори. 25 јули беше денот кога црвено-црната армија на навивачи започна да се подготвува за големиот настан. Тој ден беше се во знакот на Комити и фудбалскиот натпревар на Вардар во ЛШ. Како се ближеше почетокот на мечот, така атмосферата се повеќе се вжештуваше. Најверните навивачи на клубот, се собираа во голем број пред соборниот храм и фонтаната кај паркот. Црвено-црно лудило владееше по улиците на Скопје, кои беа преплавени од Вардаровите фанови. Навивањето продолжи и на стадионот и запад, од каде Комити секогаш му ја даваат поддршката на својот миленик. Целата арена блескаше во својот сјај и беше исполнета до последното место. Ваква посетенот и поддршка секако дека доликуваат за најголемиот спортски бренд во државата.
Управата на клубот уште од вчера ги пушти во продажба билетите за реваншот со Апоел. Истите имаат симболична цена од само 100 денари. Продажбата се одвива на едно високо ниво, љубителите на фудбалот покажаа голем интерес за овој спортски настан. Нашата порака е 21-ри јули да биде најголемиот празник за сите искрени Вардарови навивачи, да дојдат во најголем борј од сите градови, села, населби од сите подгрупи на најголемата навивачка група-Комити. Со нашата поддршка која ќе ја даваме во текот на целиот меч, да го однесеме Вардар во следното квалификациско коло и поблиску до Европски настапи. Да имаме уште повеќе и поголеми фудбалски настани, после завршување на овој натпревар. Одиме сите на 21-ри за нашата најголема љубов и гордост. ОДИМЕ ЗА ВАРДАР !