Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Андреј Данстак е херојот за генер. “2006“, нашиот голман постигна гол и одбрани пенал, во победата на неговата екипа
Андреј Данстак е херојот за генер. “2006“, нашиот голман постигна гол и одбрани пенал, во победата на неговата екипа

Андреј Данстак е херојот за генер. “2006“, нашиот голман постигна гол и одбрани пенал, во победата на неговата екипа

Во денешното коло од детската лига, кај генерација родени “2006“ година се сретнаа екипите на Вардар (2) и Работнички (1). Иако пред овој меч противникот важеше за мал фаворит, сепак нашите надежи беа тие кои на крајот победија.

vardarfans-gener-2005

Гледавме доста интересен и квалитетен натпревар, со голема желба кај двете екипи за надигрување. Избраниците на Филип Арсовски први успеаа да го отворат резултатот и тоа со удар од белата точка преку Михаил Танчев, за водство на Вардар од 1:0. Денес Вардаровиот голман, Андреј Данстак е дефинитивно најзаслужниот за победата на црвено-црните, кој постигна гол, одбрани удар од белата точка и уште неколку добри шанси на противникот. По водечкиот гол на Вардар, екипата на Работнички направи притисок кон нашиот гол, имаа неколку шанси, но секогаш како победник во тие удари излегуваше Данстак. Пред постигнување на вториот гол, во шанса се најде Олег Трифуновски кој биеше покрај противничкиот гол. Сепак истиов играч во следната акција успеа да донесе водство на својот тим од 2:0. Најпрво во акцијата учествуваше Филип Цветковски кој упати удар, кој голманот го брани, но на одбиената наиде Трифуновски кој ја сместува во мрежата на противникот. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

vardarfans-radost

На стартот на вториот дел, Работнички ја имаше првата прилика, но без реализација. Нашиот состав направи три корни, по што беше досуден удар од беалта точка. Сепак нашиот чувар на мрежата, Данстак не успева да биде совладан и со рефлексна интервенција спасува гол. Откако и противникот направи три корни, беше ред на Вардар да изведе пенал, а него успешно го реализира Андреј Данстак за 3:0. Откако мислевме дека се е готово, Работнички успева набрзина да постигне два гола и да намали на 3:2. Најпрво другиот наш голман Мартин “исплива“ во празно за намалување на 3:1, додека во следната акцја по една наша грешка уште еден гол во нашата мрежа за 3:2. До крајот на натпреварот останаа уште пет минути, во кои Вардарци не дозволија да примат погодок. Конечниот резултат гласеше 3:2.

vardarfans-vardar-2