Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар со “петарда“ во дербито го испратија Пелистер дома
Младинците на ФК Вардар со “петарда“ во дербито го испратија Пелистер дома

Младинците на ФК Вардар со “петарда“ во дербито го испратија Пелистер дома

Денес на програмата беше младинското дерби на Македонија, во истото ФК Вардар во Аеродром го пречека тимот на битолски ФК Пелистер. Нашиот тим беше далеку подобар и оствари висок триумф со 5-0 (4-0). Тренерот на младинците на црвено-црните Љупчо Марковски-Калц мечот го почна со следниост состав: Трајчевски, Тодоровски, Ричков, Личина (капитен), Исмаил, Димков, Додевски, Колевски, Димитровски, Најдовски и Стојчевски.

mm

Мечот сеуште не беше почнат ние поведовме, по само 20-25 секунди игра Вардар поведе со голот на Димков Виктор. Тој беше најуспешен во противничкиот казнет простор и го совлада Муневски Филип за 1-0 веќе во 1.минута од мечот. Гостите се обида да направат брзо баланс, сепак пред нив се испречи капитенот Есмин Личина кој неколку пати сигурно интервенираше по нивните нафрлени топки. Пелистер се закани во 8 минута кога Бошевски шутна крај голот на Трајчевски Филип. Веќе од втората прилика одлично погодуваме, нафрли од лево одлично Стојчевски Филип топката со глава долично ја дочекува Исмаил  Берат кој погодува за наше водство од 2-0 веќе по десет минути фудбал. По овој гол сме во целосна офанзива Стојчевски се обиде од слободен удар, но не успеа. Истиот играт во следната акција прифати една топка на 10 метра, Филип рутинирано стрелаше за 3-0 и наше високо водство кое рано најави победа. Во продолжение на ова младинско дерби за нас шанса имаше Колевски Бојан кој со глава шутна од 6-7 дирекно во рацете на гостинскиот голман.  Две прилики имаше во продолжене повторно Стојчевски кој неуспеа да зголеми. Прилика имаше и Тодоровски Тодор кој шутна “бомба“ од 40 метри, топката мина на неколку сантиметри над гредата. Колевски Бојан успева во 39 минута  по еден одличен соло продор да погоди за 4-0. Овој гол се покажа како последен на мечот во првите 45 минути, до крајот напаѓавме без посебни шанси за одбележување.

mm2 mm3

Вториот дел започна како што завршија првите 45 минути во целосна донинација на Вардар над тимот на зелено-белите кои беа целосно дефанзивно ориенирани на мечов. Калц веќе од првата минута во вториот дел па се до средината на полувремето ја уфрли целата клупа во игра. Во игра вледоа Каев Кристофер голманот кој денес дебитираше, Тодоровски, Даци, Мушиќ и  дебитантот  Купа.  Поради големото водство во првите 15 минути игравме растеретено без посебни прилики за одбележување пред голот на Муневски Филип. Прва прилика имаше Најдовски по центаршут на Димков, тој одлично шутна сепак среќата не го посака. Иста таква акција повторно приредија истите момци, Најдовски овојпат шутна неколку сантиметри над гредата.  Погодивме во продолжение за “петарда“ во 76.минута по асистенција на Димков Виктор одлево топката дојде до  Даци Ердон кој одлично со лизгачки старт погоди за 5-0 и наше ново водство. До крајот играме лесно со многу подавање комбинираме на средината од теренот.

mm5