Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова победа за Вардар (2) од генер. “2005“ ,која со 14 голови ги “почасти“ Македонија Ѓ.П
Нова победа за Вардар (2) од генер. “2005“ ,која со 14 голови ги “почасти“ Македонија Ѓ.П

Нова победа за Вардар (2) од генер. “2005“ ,која со 14 голови ги “почасти“ Македонија Ѓ.П

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра петтото пролетно коло во детската фудбалска лига. Активна беше екипата на Вардар (2) од генерација родени “2005“ година.

Избраниците на Игор Кралевски се сретнаа со тимот на Македонија Ѓ.П, кој го совладавме убедливо со резултат 14:0. Уште од првата минута започнавме да ја тресеме противничката мрежа. Прв кој се запиша во листата на стрелци беше Давор Лефковски кој го отвори резултатот за 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, откако Ѓорѓи Дошев зголеми на 2:0. Во следните четири минути следи гол шоу на Никола Величковски, кој успева за кратко да постигне дури три голови и да донесе веќе убедливи 5:0 за Вардар. Продолживме со нападите, што резултирапе со нови голови во мрежата на Македонија Ѓ.П. Втор гол на мечот постигна Ѓорѓи Дошев кој зголемува на 6:0, на асистенција на Стефан Наумовски. Во следната акција во шанса се најде и Наумовски, но противничкиот голман го брани ударот. Прв гол и за Матеј Гаштаров кој зголемува на 7:0. До крајот на првиот дел уште еден гол и тоа за Ѓорѓи Дошев, за кој ова беше хет-трик за водство од 8:0. Со овој резултат се замина на полувреме.

vardarfans-2005

Прва шанса во второто полувреме имаше Наумовски, но неговиот удар завршува покрај голот.  Во иста ситуација се најде и Христијан Танески, кој со глава бие над противничкиот гол. Во игра во второто полувреме влезе и Филип Јовановски, кој веднаш започна да постигнува голови. Со негови три последователни голови, Вардар стигнува до водство од 11:0, а Јовановски до свој нов хет-трик на мечевите од детската лига. Ваквиот резултат ни дозволи мирно да играме. Прв гол постигна и Филип Радевски за предност од 12:0. Конечно прва прилика имаше и Македонија Ѓ.П, но успешно брани Леонид Илиевски. До крајот на мечот во листата на стрелци се запишува и стоперот Никола Серафимов кој стрела за 13:0, како и Давор Лефковски за кој ова беше втор гол, за конечен резултат од 14:0.