Денеска младите вардарци oд генерација “2008” имаа свој ден, забележаа три победи на исто толку натпревари. Попладнево на терените на Работнички беа победени тимовите на Драчево Јуниор, Скупи и Смилковци.
Најпрвин на теренот излезе ФК Вардар (2) против тимот на Драчево Јуниор. Овој натпревар нашиот тим го доби со убедливи 7:0. Во текот на целиот натпревар Вардар прикажа една одлична игра, противникот во ниту еден момент речиси од натпреварот не го загрози голот на Грчевски. Стрелци на головите за Вардар на овој натпревар беа: Стефан Бранковски (3), Ненад Дамјановски (1), Арти Азизи (1), Огнен Бојковски (1), Филип Сребров (1).
Потоа ФК Вардар (2) одигра уште еден натпревар овој пат против Скупи. Овој меч нашиот тим го доби со резултат 4:2. На овој натпревар одлична партија прикажа Ненад Дамјановски, кој успеа да ги постигне сите четири погодоци за Вардар. Три од четирите голови на Дамјановски беа вистинска мајсторија.
Треттиот натпревар денеска го одигра ФК Вардар (1) кој се сретна со тимот на Смилковци. Овој натпревар исто така нашиот тим го доби со убедливи 7:0. На овој натпревар сите играчи од нашиот тим прикажаа една одлична поврзана игра. Стрелци на головите од овој натпревар беа: Бојан Пешов (3), Матеј Киш (3), Коста Бошковски (1).
Честитки до сите играчи за трите убедливи победи.