Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Порази за пионерските екипи на ФК Вардар, на гостувањето во Битола
Порази за пионерските екипи на ФК Вардар, на гостувањето во Битола

Порази за пионерските екипи на ФК Вардар, на гостувањето во Битола

Пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар загубија на гостувањето во Битола против екипата на Пелистер. Двете екипи заминуваат од Битола без ниту еден освоен бод.

Пионерите беа поразени со 1:0. а единствениот гол падна во 55 минута, што беше и единствен на мечот. Ова е инаку втор последователен неуспех за нашите пионери во пролетниот дел, кои се повеќе ги губат шансите за одбрана на трофејот во лигата.

Вардар: Велковски, Каркалашев-Трајковски, Антовски, Пешевски, Ѓорѓиески, Дарлишта, Адем, Реџепи, Битиќи, Наумчески, Димов.

Пораз доживеа и помладите пионери со резултат 2:0. Двата гола беа постигнати во вториот дел, откако нашиот состав остана со играч помалку. После победата против Академија Пандев, стигна првиот пораз во пролетниот дел за избраниците на Сашо Јанев. Денес деби имаше Атом Фазљиу кој игра за генерација “2002“.

Вардар: Асани, Игнатов, Апостоловски, Кртовци, Асенов, Андов, Димоски, Астарџиев, Фазљиу, Илиевски, Спировски.