Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар го “збришаа“ РК Бутел 2014
Пионерите на РК Вардар го “збришаа“ РК Бутел 2014

Пионерите на РК Вардар го “збришаа“ РК Бутел 2014

Денес во салата “Кале“  во Скопје се одигра меч од машката ракометна пионерска лига во кој црвено-црниот пионерски колектив беше домаќин на екипата на РК Бутел 2014. Во овој меч избраниците на Адријана Будимир , РК Вардар пионери дојдоа до победа со 35-9 (19-3).

0

Интересно први со гол мечот го отворија гостите од РК Бутел 2014 кои на почетокот поведоа со 0-1 на овој пионерски натпревар. Ние изедначивме на 1-1 во продолжение, а тие повторно поведоа со 1-2 на овој меч најавувајќи интересен дуел. Ние изедначивме на 2-2 тоа беше последен пат Бутел на овој меч да има активен резултат. Следеше серија од 14-0 за Вардар, избраниците на Будимир ги затворија сите приоди кон својот гол, а казнуваа немилосрдно во нападот. Поведовме со високи 16-2, конечно после голем пост тие постигнаа гол за 16-3 што се покажа како последен во првиот дел. Докрајот стрлевме уште три пати за на одмор да заминеме со предност 19-3, колку што стоеше на семафорот во Кале.

0000

Вториот дел го отворивме со гол за 20-3, потоа направиме нова серија 8-0 со која отидовме на “плус 25“ односно 28-3. До крајот  двете екипи влегоа во игра гол за гол, двата тима постигнаа по шест гола во двете мрежи. Ова беше единствен период освен оној на почетокот кога Бутел колку толку парираше во финишот влеговме со резулат 34-9. До крајот погодивме уште еднаш и триумфиравме со 35-9. Кај нас Петков беше прв стрелец со 5 гола, Мишевски, Жерновски и Димитријевски постигнаа по 4 гола.

Вардар: Мишевски 4, Чакалиќ 1, Павловски, Трајановски 3, Жерновски 4, Ангеловски, Петков 5, Димитријевски 4, Србиновски 2, Грујовски 3, Трајчевски 1, Савревски 1, Димчевски 2, Мирчевски 3, Аспровски, Пешевски 1.