Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар СЦЈС поразени со пресврт в гости од РК Лихнид 2012
Кадетките на Вардар СЦЈС поразени со пресврт в гости од  РК Лихнид 2012

Кадетките на Вардар СЦЈС поразени со пресврт в гости од РК Лихнид 2012

Денес во градот Охрид кадетките на ЖРК Вардар СЦЈС гостуваа кај екипата на РК Лихнид 2012 во рамки на на групата-2 од кадетската лига. Нашите девојки беа поразени со пресврт, откако на полувремето заминаа со предност од 15-14. Домаќинките триумфираа со 26-22 на крајот.

Први со гол мечот во салата “Билјанини извори“ поведоа домаќинките кои постигнаа гол за 1-0. Ние веднаш изедначивме на 1-1, а домаќинот со два гола се одлепи на 3-1. Ние изнајдовме сила и се вративме во мечот со серија 1-3 изедначивме на 4-4.  Домаќинот доминираше во продолжението и се одлепи на “плус четири“ 11-7. Вардарки ја подобривме играта во вториот дел на првото полувреме, избраничките на Платон и Кузмановска успеаа да влеат во финишот со реми, 14-14 надокнадувајќи ја негативата. Во последниот напад успеавме да поведеме со 14-15 и да заминеме на одмор со водство.

8
Вториот дел со гол го отвори екипата на   РК Лихнид 2012 која изедначи на 15-15. Во текот на вториот дел секогаш едната екипа поведуваше со гол предност, а другата изедначуваше. Дури уште шест пати резултатот беше реми, беше 16-16, 17-17, 18-18, 19-19, 20-20 и на крајот 21-21. Во следните клучни минути од овој кадетски женски дуел домаќинот погоди двапати, а ние за жал ниту еднаш. Вардар СЦЈС губеше 23-21, во последните минути  РК Лихнид 2012 не дозволи да ја изгуби таа предност и триумфираше со 26-24.

11

Кај вардаровиот состав-Неловска Анастасија беше прв стрелец со 8 гола,  4 гола имаше Диневска Бојана, а Блажевска Ивана имаше 3 погодоци.