Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “ЈУНИОР ЛИГА: Победи за екипите на Шампион и Будимир, кај генер. 2000/01
“ЈУНИОР ЛИГА: Победи за екипите на Шампион и Будимир, кај генер. 2000/01

“ЈУНИОР ЛИГА: Победи за екипите на Шампион и Будимир, кај генер. 2000/01

По пауза од една недела, денес продолжија натпреварите во ракометната “Јуниор“ лига, кои викендов ќе се играат во три града. Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански први кои отворија беа машките екипи на РК Урдаревски и РК Шампион, кај генерација родени 2000/01 година.

Натпреварот започна со гол на РК Шампион кој поведе со 0:1, за во следниот период да гледаме игра гол за гол. Ниедна од екипите до последните пет минути немаа поголемо водство од еден гол, до моментот кога Шампион поведе со 4:6. Сепак до крајот на првиот дел, Урдаревски постигнува два гола и израмнува на 6:6. Продолжи израмнетата игра и во второто полувреме кога двете екипи постигнаа по два гола, за ново израмнување од 8:8. Од тие моменти следи серија на Шампион од четири последователни голови, за прво одлепување резултатски (8:12). Во следните пет минути, екипата на Урдаревски го намали резултатот на 11:13, но врати Шампион со три нови голови, за конечен резултат од 11:16.

Натпревар во истава генерација, но во женскиот дел одиграа РК Будимир и РК Урдаревсски.  Урдаревски одлично го започнаа натпреварот, каде поведоа со 0:4. Сепак до крајот на првото полувреме, екипата на РК Будимир успева да намали и на одмор да замине со резултат 5:7. Вториот дел започна со гол на Урдаревски кој зголеми на 5:8. Ова водство, Урдаревски го одржуваше и во следните седум минути, кога резултатот беше 8:11. За неисвесна завршница се погрижи екипата на Будимир, која направи резултатски пресврт. Најпрво израмнија на 11:11, за потоа со нова серија да поведат и со 15:12, Немаше време за Урдаревски која успеа да намали само на 15:14, што беше и конечен резултат на крајот.