Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Го очекуваме најдоброто од Велковски оваа пролет
Го очекуваме најдоброто од Велковски оваа пролет

Го очекуваме најдоброто од Велковски оваа пролет

Младиот играч на ФК Вардар Дарко Велковски оваа полусезона го мачеше повреда на препоните, по што мораше по завршувањето на есенскиот дел во македонскиот шампионат да замине на операција. Операцијата на Велковски завршила успешно за време на зимската пауза, па младиот наш играч полека полека влегува во натпреварувачки ритам, сега за сега работи по еден полесен тренинг на ден. Велковски даде изјава за официјалната страна на клубот fkvardar.mk, па ви ја пренесуваме истата:

„Се чуствувам добро по операцијата на препоните и постепено се враќам во потребната физичка форма. Засега работам само стомачни вежби и полека почнувам со трчање. До понеделник ќе тренирам само еднаш дневно, а потоа продолжувам да работам со едно поинтензивно темпо. Се надевам дека се ќе биде во најдобар ред и што можно е можно побргу ќе им се приклучам на останатите соиграчи од тимот. Во моментов навистина не би можел да кажам колку ќе бидам спремен за настап на контролните натпревари, кои ќе ги играме во Анталија, но мојата приоритетна цел е да го дочекам подготвен продолжението од шампионатот“, изјави нашиот Даре.