Кадетите на Рк Вардар го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, во својата генерација родени 2000/01 година. Црвено-црните во финалето беа подобри од екипата на Рк Илинден Вардар. Претходно остварија уште четири убедливи победи и заслужено се најдоа на првото место. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Христи Бикоски, токму од редовите на Вардар.
-Целокупните впечатоци од овој турнир се добри. Турнирот го видов како едно забавно време исполнето со игра,забава,смеа и добар ракомет.Очекувано беше дека ќе го добиеме турнирот. Тоа можеше да се види по нашите игри и постигнати резултати. Наградата за најдобар играч на турнирот беше изненадувачки за мене. Со голема среќа ја примив и ја посветувам на тимот, бидејќи без нив немаше да стигнам до нејзе. Ова е поттик за уште понапорна работа, бидејќи патот до врвот не е ни малку лесен.
Ова младо момче беше избрано меѓу најдобрите ракометари, преку селекциите кои ги организираше ракометниот клуб Вардар. Несомнено дека направија правилен избор, кога решија да му дадат шанса да биде дел од младинските категории на клубот.
-Во Вардар сум само една полусезона Ова ми е прва награда во овие шест месеци. Наградата за мене е голема мотивација за во иднина да работам многу повеќе. Се надевам дека ќе бидам подолго во Вардар и со уште повеќе награди, изјави Христи Бикоски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски