Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Жрк Вардар со две победи стартуваа на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Кадетките на Жрк Вардар со две победи стартуваа на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Кадетките на Жрк Вардар со две победи стартуваа на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Денеска започна турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во женска конкуренција за генерации родени 1998/99, 2000/01 и 2002/3. Двете кадетски екипи предводени од Анжела Платон денес во спортскиот ракометен центар Кале го имаа премиерното издание на овој турнир.

Во првиот натпревар на теренот излегоа екипите на Рк Вардар и Рк Шампион, натпревар кој заврши со убедлив триумф на црвено-црните. Инаку на клупата на Рк Шампион беше легендарната Валентина Радуловиќ. Конечниот резултат од 25:1, говори за одразот на силите на теренот и квалитетот на двете екипи. Првиот гол противникот го постигна во последните две минути од првото полувреме. Претходно Вардарки направија серија од 7:0. На кратка пауза се замина со наша предност од 9:1.

Во второто полувреме, ништо поразлично не се случуваше на теренот, Рк Шампион не успеаа да запише гол, во овој дел од мечот. Напротив нашите Вардарки кои додадоа уште 16 погодоци. Во нашиот состав по четири голови постигнаа Тутиќ, Ацевска и М. Ивановска.

Рк Вардар: Тутиќ 4, Ацевска 4, М.Ивановска 4, Цветковска , Таневска 1, Ристовска, И.Ивановска, Буцевска, Јакимовска 2, Е.Ивановска 1, Диневска 3, Нелоска 2, Танчева 3, Марковска 1 и Ристевска.

Нешто поинтересен беше вториот дуел помеѓу екипите на Рк Вардар Јуниор и Рк Вардар-Виница. Мечот им припадна на Вардар, со конечен резултат од 13:9. Противникот на овој дуел први го отворија резултатот и имаа предност од 2:3 до 7 минута од мечот. До крајот на првото полувреме избраничките на Платон заигруваат многу подобро. Упсеваат најпрво да го израмнат резултатот, а потоа со серија од четири голови да имаат и најголема предност од 7:3. Во последните две минути од првите 20 минути, сепак Вардар-Виница два пати ја погодува нашата мрежа, за резултат од 7:5 по првиот дел.

Рк Вардар-Виница одлично го започнува второто полувреме и успева да намали на само еден гол негатива 8:7. Тоа како да ги разлути младите Вардарки, кои вратија со серија од 4:0, за предност од највисоки 12:7, што беше пресудно за конечниот победник на овој дуел. Во последните 5 минути влеговме смирено, за конечен триумф од 13:9. Убедливо најефикасна во победничкиот тим беше Трпевска со 7 постигнати голови.

Рк Вардар Јуниор: Наумовска, Станишиќ 1, Милошевска , Ѓорчевска 1, Ѓоргиева , Дамовска , Буразер, Атанасова , Алексовска, Митровска 1, Трпевска 7, Ничовска, Ќириќ 1 , Бабунска, Величковска  и Блажевска 2.