Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар замолкна многу усти денеска, продолжени договорите на 5 ракометарки!
ЖРК Вардар замолкна многу усти денеска, продолжени договорите на 5 ракометарки!

ЖРК Вардар замолкна многу усти денеска, продолжени договорите на 5 ракометарки!

Управата на ЖРК Вардар денеска замолкна многумина усти. По ”чаршиските муабети” дека во ЖРК Вардар ”бегаат” сите ракометарки денеска пристигна демант од клубот. Денеска ЖРК Вардар ја продолжи соработката со 5 ракометарки, кои ќе останат во клубот и наредната сезона.

Барбара Лазовиќ, Ања Алтхаус, Амандин Лејно, и Андреа Пенезиќ ќе останат во ЖРК Вардар и наредната сезона, додека пак црногорската репрезентативка Јованка Радичевиќ ќе остане во ЖРК Вардар најмалку до 2018 година. Ова е одлична вест која ни пристигна од ЖРК Вардар пред двобојот во Црна Гора овој викенд против Европскиот шампион екипата на Будуќност.

Останува само нејасна дилема, што ќе се случи со останатите Вардарки, на кои договорите им истекуваат на крајот од оваа сезона. Веќе знаеме дека од клубот ќе си замине Сираба Дембеле, а како нејзина замена се споменуваат играчи од руското првенство.
Фото: zrkvardar.mk