Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дарко Панчев нов спортски директор на ФК Вардар!?
Дарко Панчев нов спортски директор на ФК Вардар!?

Дарко Панчев нов спортски директор на ФК Вардар!?

Најголематa македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, човекот кој остави неизбришлива трага и во ФК Вардар во шампионската 1987 пред и потоа  би можело да добие функција во својот матичен клуб. Најави за вакво нешто дојдоа од страна на спортскиот дневен весник „Македонски спорт“.

Според информациите најверојатно Панчев би требало да ја добие функцијата спортски директор која извесен период е празна откако Гоце Седлоски ја замени истата со таа на “кормилото“ на црвено-црните. Легендата  Панчев по третпат ќе се најде во раководните структури на клубот. Тој претходно во 1997 и 2007 имаше функции во клубот. Во статијата на весникот се вели дека директно од сопственикот Сергеј Самсоненко легендарниот “Кобра“ добил покана и понуда за директорското место. Вардар годинава ќе го прослави својот 70. роденден, па доколку оваа вест на “Македонски спорт“ се обвистини ќе биде дополнителен “подарок“ за публиката која долги години го посакуваше својот идол повторно во клубот.