Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати термините за четвртфиналниот дуел на ЖРК Вардар против Митјиланд
Познати термините за четвртфиналниот дуел на ЖРК Вардар против Митјиланд

Познати термините за четвртфиналниот дуел на ЖРК Вардар против Митјиланд

Нашиот женски ракометен шампион ќе мора да го помине Митјиланд од Данска, ако сака да игра на завршниот турнир во Будимпешта. Црвено-црните завршија како првопласирани во својата група и за противник го добија Митјиланд кој заврши на четвртата позиција во својата група.

Веќе се одредени и термините на одигрување на двата натпревари помеѓу овие две екипи. Вардарки поради подобриот пласман во групата, реванш натпреварот ќе го играат во Скопје. Првиот меч во Данска е закажан за 9-ти април, додека вториот натпревар е закажан на 15-ти април во Јане Сандански.

Овој противник е познат за Вардар, со кој сме имале можност да играме неколку пати досега. Инаку Вардарки ќе се борат за четврто последователно учество на завршните турнири во најголемото ракометно натпреварување.