Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс: Вардар е вистинскиот тим во кој ќе стекнам повеќе искуство
Кристопанс: Вардар е вистинскиот тим во кој ќе стекнам повеќе искуство

Кристопанс: Вардар е вистинскиот тим во кој ќе стекнам повеќе искуство

Како што знаеме од следната сезона нов член на РК Вардар, ќе биде летонскиот “џин Даинис Кристопанс. Тој на десната бековска позиција ќе го замени Алекс Душебаев кој заминува во Киелце. Во изјава за полски медиуми, Даинис вели дека иако имал повеќе понуди на крајот го одбрал Вардар, заради можноста повеќе да напредува.

-Од Вардар добив примамлива понуда. Знам дека во тој дрес ќе се развивав и ќе напредувам. Мислам дека македонскиот шампион за мене беше вистинскиот тим во кој ќе стекнам повеќе искуство, и ќе напредувам како играч. Да бидам искрен имав повеќе понуди, но онаа од Вардар беше најконкретна и без двоумење ја прифатив, рече Кристопанс.

По завршување на групната фаза во ЛШ, Кристопанс е на високото десетто место на листата на најдобри стрелци во ЛШ. Тој во дресот на Брест Мешков има постигнато 68 голови. Неговата екипа се пласираше во осминафиналето, каде за противник го има тимот на Фленсбург. Победникот од овој дуел оди во четврфиналето на Вардар.