Иминатиов викенд се одигра првото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на стартот за нашите генерации беше екипата на Академија Пандев. Забележавме половичен успех од една победа, пораз и два нерешени резултати.
Голема победа и единствена во дуелите со Академија Пандев им припадна на помладите пионери. Избраниците на Сашо Јанев во еден квалитетен натпревар успеаа на крајот да ги освојат трите бодови на овој меч. Стрелец на единствениот гол беше Давид Ристовски. Вардарци иако играа 15 минути со играч помалку на крајот ја зачуваа свопјата мрежа незатресена. Со овој триумф, нашите млади надежи го задржаа чекорот со првопласираниот тим на Металург кој има шест бода повеќе од Вардар.
Непријатно изненадени беа нашите пионери кои го загубија дуелот против врсниците од А.Пандев. Иако по првото полувреме имавме водство и изгледаше дека можеме да го добиме овој натпревар, во вториот дел голем пад во нашата игра, што резултираше со три голови во нашата мрежа. Конечниот резултат гласеше 1:3, а голот за црвено-црните беше дело на Фитор Реџепи. По одигрување на ова коло, Шкупи ја зголеми бодовната предност на 4 бода, кои славеа на првиот пролетен натпревар. Да потсетиме во еден дел од есенскиот дел, Вардар имаше пет бода повеќе од најголемиот ривал за трофејот, но сега ситуацијата е обратна.
Кадетите испуштија голема шанса со победа да се вратат од гостувањето во Струмица и да се најдат на првото место на табелата. Вардарци не издржаа до крај на гостувањето во Струмица и во последнитге пет минути примија гол за изедначување на резултатот (1:1), што на крај беше и конечен. Капитенот Дејан Маркоски беше стрелец на овој дуел за Вардар. Среќна околност е што и Работнички одигра со нерешен резултат, на гостувањето во Штип против Брегалница.
Со нерешен резултат одиграа и младинците на Вардар и Академија Пандев, а тука се случи за пет минути. Најпрво домашниот тим поведе со 1:0, за пет минути подоцна Виктор Димков да го израмни резултатот на 1:1, што беше и конечен. Нашиот најголем конкурент за трофејот, Шкендија исто така ремизираше во првото пролетно коло, па разликата помеѓу нив е два бода во корист на Вардар.
Во следното второ пролетно коло се среќавме со Пелистер. Пионерските екипи ќе гостуваат во Битола, додека кадетите и младинците ќе бидат домаќини.