Кадетите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до втората последователна победа во пролетниот дел од рамките на групата 2 во кадетската лига. Избраниците на Слободан Чивлачки вчера имаа гостување во Велес на екипата на РК Бисинов, која ја поразија со резултат 31:39.
Во текот на целиот натпревар имавме предност и контрола на резултатот. По првиот дел, црвено-црните имаа водство од 14:17. Во вториот дел константо растеше предноста во наша корист, за на крај да забележиме поубедлив триумф. И во првиот дел од сезоната бевме убедливи над овој противник, тогаш славвеме со резултат 31:16.
Во нашите редови повторно се исткнаа Васе Наков со 11 и Тони Атанасовски со 9 голови. Инаку ова беше вкупно седма победа за нашите кадети кои го одржуваатт врвот со екипата на Металург. Најверојатно овие две екипи од оваа група ќе играат и на завршниот турнир на најдобрите четири тима во кадетската лига. Веќе во следното коло на домашен терен го пречкуваме третопласираниот тим на Вардар-Неготино. Со евентуална победа веќе ќе обезбедиме учество на Ф4 турнирот.