Вчера ракометниот клуб Вардар лесно ја запиша својата 15 победа во СЕХА лигата. Вaрдарци лесно и убедливо го совладаа тимот на Извиѓач со резултат 27-33 (12-17). Со оваа победа Вардар си го обезбеди првото место на табелата, односно добива најлесен противник на Ф-4 завршниот турнир. По крајот на мечот со свои изјави излегоа тренерот Раул Гонзалес и хрватското крило Иван Чупиќ, тие го изјавија следното:
Најпрво би сакал да му честитам на тимот на Извиѓач за одличната игра на овој меч, како и на моите ракометари за победата. Не сум одушевен како игравме, не бевме перфектни во одбраната во поголемиот дел од мечот, но најважно од се е дека победивме. Го завршивме натпреварот со неколку лесни погодоци и го држевме фокусот кога беше најпотребно тоа.- изјави Гонзалес.
Публиката може да биде задоволна од прикажаното, двата тима одиграа добар меч. Извиѓач има млад тим, но вистината е дека ние бевме подобри, пред се поради квалитетот и искуството. Во најважните моменти бевме на ниво на задачата и дојдовме до победата- изјави Чупиќ.