Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар поканети на турнир во Грција, покани добија само најдобрите пет европски пионерски состави
Пионерите на РК Вардар поканети на турнир во Грција, покани добија само најдобрите пет европски пионерски состави

Пионерите на РК Вардар поканети на турнир во Грција, покани добија само најдобрите пет европски пионерски состави

Пионерите на ракометниот клуб Вардар ќе земат учество на силен ракометен турнир во нашиот јужен сосед, Грција. Покрај нашиот тим гости на истиот се ПСЖ од Франција,  Загреб-Хрватска, РК Партизан-Србија, Локомотива Брчко-БиХ и селекцијата на Израел. Покрај овие силни екипи  ќе учестуваат и домашните  Филипос Верија, ПАОК и уште четири екипи од Грција. Истиот ќе се игра од 7-11 април, Турнирот ќе се игра во Верија на 70 км од Солун, овој турнир е “Вип“ односно за него се добиваат специјални покани. Скаути на истиот ги следат мечевите на серија турнири и ги покануваат само исклучително најсилните тимови. Од Европа домаќините поканија пет тима што е доказ дека вардаровите пионери се во топ-5 по квалитет на стариот континент.

vardarfans-naslovna3-660x330

На официјалната страница, РК Вардар е преставен како тим од европскиот врв со голем број домашни титули, две во СЕХА лигата и значаен фактор во лигата на шампионите. Покрај низа пофалби за клубот на официјалната страница на турнирот има изјава од тренерот на црвено-црните пионери Будимир, таа вели:

Прво  сакам да се заблагодарам на организаторите во името на Вардар за покана на една од најдобрите европски турнири за млади играчи,« VRILITTOS ». Овој турнир ќе биде предизвик за мене и мојот тим, особено поради тоа што на другите тимови кои учествуваат се квалитет, бидејќи знаеме дека тие се меѓу најдобрите во Европа во оваа возраст, и ние ќе дадеме се од себе за да се оправда покана и нашето учество.