Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дамњановиќ и Лекиќ се враќаат во Српската репрезентација, после пауза од две години
Дамњановиќ и Лекиќ се враќаат во Српската репрезентација, после пауза од две години

Дамњановиќ и Лекиќ се враќаат во Српската репрезентација, после пауза од две години

Претстојниов викенд е наменет на ЕХФ за одигрување на контролни натпревари. Женската ракометна репрезентација во сабота и недела ќе одигра два пријателски мечеви со селекцијата на Србија и истите ќе бидат од затворен карактер за јавноста.

По пауза од две години во составот на Србија се враќаат ракометарките на Вардар, Сања Дамњановиќ и Андреа Лекиќ. Сепак Лекиќ нема да настапи на контролните мечеви против Македонија, поради повреда здобиена на последниот дуел на својот тим против Турингер во лигата на шампиони.

Како што известивме дури 11 ракометарки на Вардар пак ќе бидат дел од Македонија за овие натпревари со Србија. Драгана Петковска, Љупка Белмезова, Теодора Керамичиева, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Маја Трпковска, Сара Митова, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Прленда и Стефанија Мишевска се црвено-црните девојки кои ќе настапат за Македонија.