Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Давидоски оди на операција, му посакуваме брзо закрепнување
Давидоски оди на операција, му посакуваме брзо закрепнување

Давидоски оди на операција, му посакуваме брзо закрепнување

Играчот од средниот ред на фудбалскиот клуб Вардар, Петар Давидоски, ќе биде надвор од терените во наредните 6 месеци.

Играчот кој е роден 2003 година и кој е капитен на оваа генерација, минатата сезона беше прекомандуван во сениорскиот тим на Вардар, каде запиша неколку настапи. За жал, Давидоски се стекна со незгодна повреда на пријателскиот натпревар против екипата на Победа, кој се одигра на теренот во Прилеп и кој заврши со нерешен резултат 1:1.

Магнетната снимка покажа дека се работи за скинат вкрстен преден лигамент, па Давидоски ќе мора да замине на оперативен зафат. Ваквата повреда ќе го одалечи од терените во првата полусезона, односно Давидоски нема да биде подготвен да му помогне на тимот во есенскиот дел од сезоната на натпреварите во втората македонска лига.

Нашата редакција му посакува најпрво успешна операција, а потоа и брзо закрепнување и враќање на терените.

ФОТО: Кочо Сотировски