Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Дејан Маркоски: Купот сега ни е на прво место

Дејан Маркоски: Купот сега ни е на прво место

Во среда со почеток од 12:00 на теренот на ФФМ, ќе се одигра полуфиналето од националниот куп помеѓу пионерите на Фк Вардар и нивните врсници од Еуромилк. Во оваа категорија останаа само три екипи кои меѓусебно ќе одиграат. Кои две екипи ќе имаат највеќе бодови, тие ќе играат во големото финале. Третата екипа е Работнички.

Капитенот на пионерите Дејан Маркоски, со свои очекувања од купот и пролетниот дел од сезонта.

-Купот сега ни е на прво место, со добра игра заслуживме да се наоѓаме каде што сме и се надевам дека ќе го оствариме посакуваното, а во првенството ќе дадеме се од себе.

Во есенскиот дел од сезоната, екипата забележа пет победи, еден нерешен резултат и пет порази. Иако добро ја почнаа сезоната, продолжението од првиот дел не се одвиваше баш најдобро за оваа генерација.

1579872_1549235792005651_878568999_n

-Првиот дел не помина како што сите посакувавме, некои утакмици ги изигравме на потребното ниво, но некои не и затоа ги добивме тие резултати. Сега сме многу повеќе уиграни и ќе дадеме се од себе за да се вратиме на победничките патеки.

Во подготвителниот период одиграа неколку пријателски натпревари, и на сите забележаа победи. Секако очекувањата во вториот дел од сезоната се поголеми и пооптимистички.

-Во другата полусезона секако дека ќе бидеме многу подобри и ќе оствариме добри резултати. Имавме доста време да се спремиме и физички и тактички.
Повеќе сме уиграни од претходната полусезона, пријателските мечеви поминаа онака како што посакувавме. Имавме добра игра на сите утакмици и најважно изградивме стил на игра кој ќе го надградуваме секоја наредна утакмица. Нема некои големи промени во составот, воглавно сме истите, ни изјави капитенот на пионерите Дејан Маркоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски