Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Втората екипа и младинките на Жрк Вардар, ги одмерија силите во младинската лига
Втората екипа и младинките на Жрк Вардар, ги одмерија силите во младинската лига

Втората екипа и младинките на Жрк Вардар, ги одмерија силите во младинската лига

Во натпревар од младинската лига, силите ги одмерија Вардарки едни против други. Втората екипа на Жрк Вардар предводени од Симе Симовски, славеа убедливо против младинките кои ги предводи Благојче Весиќ. Победата на вториот тим, ни во еден момент не беше доведена во прашање. На полувреме се замина со резултат 27:4. Сепак тоа е далеку поискусна и повозрасна екипа, од младинките пред кои е времето за докажување и работа, како би заиграле за вториот а понатаму и за првиот тим на Вардар. Конечниот резултат гласеше 44:10.

Најефикасни играчи во победничката екипа беа Наташа Нолевска со 10 гола. Леонида Гичевска и Ангела Тодоровска постигнаа по 7. Стефанија Мишевска и Цветанка Ангелевска додадоа по 4 погодоци.

Кај младинките, Ива Божиноска беше најефикасна со 3 гола. Александра Вељаноска додаде 2 гола. Еднаш во листата на стрелци се запишаа и Анастасија Петровиќ, Габриела Костадиновска, Ангела Карчева, Сашка Филипоска и Сандра Стамова.