Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар уште посилен, Демир останува ,,црвено – црн”
Вардар уште посилен, Демир останува ,,црвено – црн”

Вардар уште посилен, Демир останува ,,црвено – црн”

Супер вести за тимот на ФК Вардар и Бобан Грнчаров. Еден од најдобрите играчи од минатата сезона, Бенјамин Демир покрај проблемите, сепак ќе може да настапува за Вардар и со самото тоа да ја зголеми конкуренцијата во нападот.

Демир имаше супер мината сезона, посебно се мисли на оние партии пролета, кога беше главен играч на Вардар и постигнуваше голови на речиси сите натпревари. Секако дека неговото останување и правото за настап се супер вести по тимот. Веќе во следното коло Демир ќе има право на настап.

Во тимот по повредата се враќа и играчот од средниот ред, Мартин Блажевски. Повредата на Блажевски е минато, па така сега Грнчаров ќе биде на ,,слатки маки” околу играчкиот ростер.