На пауза поради ЕХФ неделата, ЖРК Вардар на Александар Царчев ќе замине со максимални 12.бода и лидерска позиција во групата-А. Денес во салата „26.април“ во Гевгелија ја совладавме истоимената женска екипа со резултат 24-33 (14-17).
Отворивме со головите на денес одличната Трпевска и пикерот Џатевска, по првичното водство (0-2), домаќинот погоди за преполовување на нашата предност. Ние бевме тимот кој диктираше темпо, брзо отидовме на пет плус (2-7), целосно ја контролиравме играта и резултатот во првата половина од првиот период. Потоа домаќинот успеа да се врати во игра и намали на само гол негатива (12-13), сепак во финишот успеавме да се вратиме резултатски и со три гола заминавме на одмор, за време на паузата беше 14-17.
Одлично го започнавме вториот дел во одбраната, на нашиот гол Ѓорѓиевска редеше одбрани и тоа ни донесе резултатско одлeпување, поведовме со 8.гола, односно со резултат 17-25. Гевгелија немаше сила да се врати во игра, ние ја одржувавме предноста до крајот и победимв со резултат 24-33.
Кај нас прв стрелец беше Трпевска со 8.гола, втор со шест беше Коцева Бојана, денес одличен меч со пет гола одигра Максимовска, а Миновска погоди во четири наврати. На голот 10ки имаа, Илиќ и Ѓорѓиевска.