Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци вчера добија слободен ден, денес имаат само еден тренинг, од утре повторно “дупла доза“

Вардарци вчера добија слободен ден, денес имаат само еден тренинг, од утре повторно “дупла доза“

Клубот во овие зимски денови на момците од фудбалскиот црвено-црн колектив им обезбеди подготовки повторно како и неколку години наназад во топлата Анталија, Турција.  Таму момците предводени од Седлоски се подготвуваат за пролетниот дел. Тие вчера после една недела исполнета со  тренинзи и контролни  натпревар  добија слободен ден од стручниот штаб .

9954-vardarci-dobija-den-odmor-od-podgotovkite

Краткиот одмор тие вчера го “потрошија“, момците  веќе од денес  се враќаат на обврските. Според планот денес екипата ќе има една полесна подготовка. Веќе од утре, вторник  повторно на програмата момците ќе имаат двапати тренинзи во еден ден. Паузата тие ја добија вчера бидејќи ден претоа одиграа   пријателски натпревар со руски П. Амкар тоа беше нивни втор “тест“ во Анталија. Според планот кој беше познат уште пред да се замине од Скопје не очекуваат уште пет пријателски контролки. Целосниот распоред на останатите мечеви изгледа вака:

02.02 – Вардар – Дукла Прага

03.02. – Вардар – Хајдук Сплит

05.02. – Вардар – Анжи Махачкала

08.02. – Вардар – Локомотив Пловдив

09.02. – Вардар – Терек Грозни