ЖАРКО ОЏАКОВ – Еден од најдобрите вардарови играчи за врска на средината од теренот, роден е на 11 ноември 1955 година во Скопје.
За тимот на Вардар дебитира во сезоната 1973/1974 настапувајќи во „црвено-црниот“ дрес низ девет првенствени циклуси се до 1982 година. Пред да замине во Австралија, Оџаков за најтрофејниот македонски клуб има одиграно вкупно 224 натпревари на кои постигнал 32 погодоци.
По завршувањето на кариерата како активен играч, Жарко Оџаков краток период работеше како шеф на стручниот штаб предводејќи го сениорскиот тим на Вардар до второто место на првенствената табела во сезоната 2000/2001 со што беше обезбеден пласман во Купот на УЕФА.