Денеска роденден прославува нашиот играч Влатко Грозданоски. Влатче со право може да се каже дека е легенда на Фк Вардар со преку 100 натпревари во црвено – црниот дрес. Тој денес полни 34 години и се надеваме дека ќе успее да ја подобри формата и повторно ќе заблеска во нашиот црвен-црн свет дрес. Традиционално, речиси секогаш овој ден бидејќи Вардар се наоѓа на подготовки во друга земја Влатче го прослави роденденот со своите колеги.
Редакцијата на ”Вардар фанс” му го честита роденденот на Влатко, и му посакува уште многу години да остане во Фк Вардар, збогатени со многу титули.