Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втор пораз сезонава за ФК Вардар генер, 2004, додека генер. 2005 освои бод на гостувањето кај Милано
Втор пораз сезонава за ФК Вардар генер, 2004, додека генер. 2005 освои бод на гостувањето кај Милано

Втор пораз сезонава за ФК Вардар генер, 2004, додека генер. 2005 освои бод на гостувањето кај Милано

Вардаровите генерации 2004 и 2005 денес гостуваа во Куманово, на екипата на Милано, на мечеви од регионалната-скопска лига.

ФК Вардар генер. 2004 го доживеа својот втор пораз сезонава, откако не успеа да освои бодови на гостувањето кај екипата на Милано. Нашите момци беа минимално поразени со резултат од 1:0, со погодок во 36 минута од натпреварот.

Вардар: Ангелов, Павлески, Љушев, Каровски, Милошевски, Јаневски, Ибраим, Идризи, Гуџуфи, Серафимов, Перковски.

Во игра влегоа уште и Хајдари, Попов, Стојановски и Дошев.

Генерацијата 2005 пак успеа да освои бод на ова тешко гостување кај екипата на Милано. Вардар успеа прв да го отвори резултатот и да поведе со голот на Матеј Гаштаров уште во 9.минута од мечот. Сепак до крајот на првиот дел, домашниот тим успеа да направи целосен резултатски пресврт. Најпрво израмнија на 1:1 во 20 минута со голот на Шабани, додека во 35 минута поведоа и со 2:1 откако нашата мрежа ја погоди Мемиши.

Во второто полувреме, вардарци беа упорни да постигнат гол, тоа им успева во последната минута од мечот кога погоди Горјан Цветков за 2:2 и за голем бод од ова гостување.

Вардар: Илиевски, Ристовски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Лефковски, Кулуковски, Таневски, Цветков.

Во игра влегоа уште и Сековски, Галевски, Антевски, Филевски, Уневски, Калановски и Коловски.