Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Шампион „лесен плен„ за кадетите на РК Вардар, победа со голема доминација и 16 гола разлика

РК Шампион „лесен плен„ за кадетите на РК Вардар, победа со голема доминација и 16 гола разлика

Лесна и убедлива победа денес остварија кадетите на РК Вардар на дуелот со РК Шампион во Јане Сандански. Големата мотивираност во почетните минути на момците на Будимир и Станковски рано го предодреди текот на овој дуел. Победата дојде со повеќе од двојно постигнати голови, односно со резултат 30-16.

vc
Храброста е одлика на храбрите вардарови момци од овој тим, така и влеговме во овој дуел храбро и мотивирано. Мотивираноста од нивниот тренер Будимир пред почетокот на дуелот се гледаше на нивните лица, па видовме пеколни 15.минути. Во истите одбраната фунционираше беспрекорно, во нападот казнувавме поведувајќи со неверојанти 10-0. Противникот првиот гол го постигна дури во 16.минута и тоа со удар од пенал намалувајќи на 10-1. Конечно малку “крв“ видовме и на нивните лица кога успеаа да намалат на 13-5 во 21.минута. Сепак ние го контролиравме овој дуел, и со игра гол за гол овие осум плус ги чувавме до 29.минута кога беше 25-7 на семафорот. Во последниот напад погоди Србиновски за 16-7, на нашиот гол нова интервенција имаше Марко Кизиќ па на одмор заминавме со комотни плус девет.

vc3
Ривалот добро го отвори вториот дел, со два гола успеа да намали на минус седум, 16-9. Сепак нашите момци се издигнаа веднаш и се вратија на двоцифрена предност. Најпрвин имавме одземена топка од Благој Димчевски во одбрана, потоа на голот Кизиќ блесна, а во напад сето тоа го наградувавме со погодоци. Преку Пешевски Андреј зголемивме на 22-10, односно имавме серија 6-1 со која покажавме теренска доминација над ривалот. Противникот се обидуваше да парира, сепак ние го контолиравме дуелот и постепено зголемувавме. На средината од вториот дел на семафорот беше 25-11, со 14.гола предност влеговме во последната четвртина од овој дуел. Ништо поразличен не беше и тој период ние доминиравме во сите аспекти на ракометната игра, од минута во минута само ја зголемувавме предноста која и така беше голема. Победата ја остваривме со 30-14.

vc4-2

Кај нас Калајџиески и Пешевски стрелаа по шест пати, Савревски даде четири гола, тројца момци имаа по три гола, станува збор за: Мишевски, Србиновски и Димитријевски.