Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Четврта последователна победа за младинците на ФК Вардар, совладана екипата на Њу Старс
Четврта последователна победа за младинците на ФК Вардар, совладана екипата на Њу Старс

Четврта последователна победа за младинците на ФК Вардар, совладана екипата на Њу Старс

Младинците на ФК Вардар успеаа да стигнат до четвртата последователна победа во пролетниот дел од сезоната. На домашен терен нашите младинци беа сигурни, славеа триумф против екипата на Њу Старс, со резултат 4:0.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Наумчески, Тасев, Радевски, Пешевски (c), Младеновски, Велковски, Божиноски, Реџепи, Мустафа, Стојчески.

1

Вардар имаше целосна доминација во првото полувреме, иако лошиот терен не дозволуваше да дојде до целосен израз нашата игра. Првиот директен удар кон еден од двата гола го имаа вардарци, се обиде Антонио Божиноски, но одбрани голманот на Њу Старс. Обид имаше и Реџепи, кој шутира над голот.

2 3

Гостинската екипа беше подредена на дефанзива и во првиот дел не упати ниту еден директен удар кон голот на Андов. Црвено-црните имаа голема прилика да го отворат резултатот, но еден од противничките играчи ја исфрли топката од гол линијата, откако биеше Реџепи, а претходно топка во противничкиот шеснаесетник додаде Божиноски.

5

Иницијативата Вардар успеа да ја претвори во гол и тоа преку Стефан Наумчески, кој ја погоди противничката мрежа за водство од 1:0. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

Во првите десет минути од вториот дел, Њу Старс ја имаше својата прва прилика откако од десната страна, еден од нивните играчи доби слободен простор, Андов излезе навреме, топката за наша среќа оди покрај голот. Вардаровите младинци успеваат да го зголемат резултатот на 2:0, откако противничкиот голман направи голема грешка, топката ја одзема Мустафа Јусуф кој немаше проблем да ја смести топката во мрежата.

4

Имавме нова голема шанса откако Реџепи даде употреблива топка до Велковски, овој шутираше, но голманот на Њу Старс со крајни напори успеа да го одбрани ударот. Шанса за игра добија и резервните играчи. На теренот ги видовме Гугуљанов, Величковиќ-Радуловиќ, Салиу и Петковски. Токму нововлезениот Гугуљанов имаше обид, но одбрани голманот. Црвено-црните во последните пет минути од дуелот зголемија на 3:0, откако во листата на стрелци се запиша и Александар Младеновски. До крајот на мечот, Њу Старс постигна гол, но во својата мрежа, за резултат 0:4 и убедлива победа за Вардар.