Денес со почеток од 12:00 часот во просториите на фудбалската федерација на Македонија, ќе се изврши ждрепката за претстојната сезона во првата и втората фудбалска лига, како и за првото коло од купот на Македонија. Вардар ќе ја брани титулата во националното првенство освоена минатата сезона. После елиминацијата во лигата на шампионите од Апоел, сите мисли и сили ќе бидат насочени во домашните натпреварувања.
Новата 2015/2016 предвидена е да стартува на 9-ти август. Исто така во август е закажано да се одигра супер купот помеѓу нашиот шампион и тимот на Работнички, дуел кој е планиран за 17-ти август