Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фк Вардар се заблагодари на публиката за поддршката
Фк Вардар се заблагодари на публиката за поддршката

Фк Вардар се заблагодари на публиката за поддршката

Од нашиот клуб им се заблагодарија на сите симпатизери на Вардар, кој дојдоа во голем број да го бодрат нашиот првак кон нови успеси.
На официјалната веб страна, клубот го напиша следното:

Беше убаво да се гледа вчера на трибините и да се почувствува величевствената атмосфера на „Филип Втори“ Арената во Скопје. Горди бевме што успеавме да собереме толку публика на еден фудбалски натпревар од Лигата на шампионите. Благодариме на сите што дојдовте на трибините и дадовте безрезервна поддршка на нашите фудбалери да дојдат до успех. Храбро се бореа да победа, беа носени од одличната атмосфера каква што ја сакаме да биде на секој меч кога игра Вардар. Жалиме што не успеавме, жалиме што на нашата публика не и подаривме триумф и поминување во следната фаза. 

Секако, и кај нас постои разочарување, особено што бевме толку блиску. Недостасуваше само малку, но противникот успеа да даде гол кој чинеше многу скапо, а по кој успеавме само да вратиме со израмнување. Ова боли, но во исто време ова мотивира да дадеме се од себе во следниот период да бидеме уште посилни. Да работиме напорно за да го изградиме тимот на уште повисоко ниво. И покажавме на Европа дека и Вардар знае да игра со фаворитите, знае и може да се носи и со екипи кои имаат далеку повеќе настапи во Европа. 

За нас синоќешниот меч беше едно големо искуство. Уште еднаш благодарност до сите фанови, медиуми и сите оние кои застанаа зад нас и кои покажавте дека сакате фудбал и дека сакате да гледате Лига на шампионите. Ние ќе направиме се да останеме што подолго во неа следниот пат, да бидеме дел од европската „елита“. 

Сега за Вардар следува првенство. Титулата ја освоивме, но истата сакаме да ја одбраниме. И не само титулата, нашата цел се пехарите во Купот и во Супер-Купот. Тоа можеме да го направиме и со ваша помош почитувана публико. Бодрете го Вардар секаде и секогаш. Затоа што за Вардар се живее. Еден живот, една љубов!