Околу 13:30 часот младинската ракометна репрезентација пристигна во Валенсија, каде во следниов период ќе учествува на Европското првенство за девојки до 19 години. Нашата репрезентација веќе се смести во хотелот “Холидеј Ин“ каде ќе престојува се додека учествува на ова натпреварување. Девојките тргнаа вчера вечерта со автобус до Софија, од каде со авион пристигнаа до градот каде ќе се одржи Европското првенство.
Следи малку одмор по напорното патување, по што е закажан првиот тренинг вечерва со почеток од 20 часот. Девојките имаат доволно време да се аклиматизираат на новата средина и климатските услови. Првиот натпревар е закажан за утре, со селекцијата на Литванија од 20:00 часот. Во групата наша, се уште и селекциите на Русија и Германија
Фото: Спортмедиа мк.