Видео од најважните моменти од вчерашниот меч на Филип Втори арената во Скопје помеѓу црвено – црните и кипарски АПОЕЛ . Во второто полувреме за гостите од Никозија стрелаше аргентинскиот интернационалец Де Висенти во 60 минута од мечот со што резултатот на семафотот гласеше 0-1 . ФК Вардар изедначи во 90+3 минута преку резервистот Љамчевски кој го замени Грозданоски во 70сетата минута од дуелот .
За жал изедначувачкиот гол на Благоја Љамчевски немаше големо значење бидејќи и ако без пораз вардарци неминаа понатака во следната рунда од најелитната европска фудбалска лига.