Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ќе ја отвори сезоната во Сеха лигата, со дуел против Зомимак
Вардар ќе ја отвори сезоната во Сеха лигата, со дуел против Зомимак

Вардар ќе ја отвори сезоната во Сеха лигата, со дуел против Зомимак

Новата сезона во Сеха лигата ќе започне на 28/29 август, без некои поголеми промени од претходната сезона. Лигата повторно ќе брои десет екипи, единствената разлика е што дебитанти во ова натпреварување ќе бидат две нови екипи. Зомимак од Струмица и Спартак од Србија, се новите учесници во оваа Балканска лига. Од минатата сезона ги нема екипите на Металург и Раднички од Крагуевац.

Унгарскиот Веспрем ќе го брани трофејот во ова натпреварување, освоен минатата сезона со победа во финалето против Брест Мешков. Завршниот турнир тогаш се играше во Унгарија. Вардарци ќе започнат на домашен терен со дуел против тимот на Зомимак. Очекуваме уште една квалитетна и интересна сезона, со многу возбудувања и квалитетни мечеви.

Двојките за првото коло се:

1. Вардар-Зомимак
2. Татран-Веспрем
3. Нексе-Загреб
4. Брест Мешков-Борац
5. Спартак-Војводина