Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Арпад Штербик: Останувам во Вардар, уште три години
Арпад Штербик: Останувам во Вардар, уште три години

Арпад Штербик: Останувам во Вардар, уште три години

Голманската легенда Арпад Штербик минатата сезона дојде во Вардар и веднаш ги освои симпатиите на навивачите. Се работи за еден од најдобрите голмани во светот. Штербик беше главната цел за голманската позиција на господинот Самсоненко, кој не жалеше средства да го донесе во Вардар. Во едно интервју за србски “Дневник“ , Арпад открива дел од плановите за во иднина и актуелностите во црвено-црниот табор.

1. Очигледно дека не погрешивте кога го избравте Вардар, за нова ракометна престолнина?

-Ако се одвива се по планот, останувам во Скопје до 2018 година. Тогаш ќе имам 39 години и ќе одиграм уште две до три сезони за своја душа, во некој помал клуб.

2. Што беше пресудно кога ја заменивте ракометна Шпанија со Македонија?

-После Србија, поминав три години во Унгарија. Потоа заминав во Шпанија каде останав цели десет години, што навистина беше нешто најубавото до сега во мојот живот. Со Суидад Реал и Барселона освоив се што можеше. Посакав да се вратам малку поблизу до својот дом. Вардар се појави со примамлива понуда и проект, кој на мене ми се допадна.

3. Кој е тој проект на Вардар?

- Да заигра на Ф-4 турнирот во Келн. Претходните сезони Вардар можеше само да сонува за тоа, бидејки местата воглавно беа резервирани за Барселона, Кил, Веспрем…

4. Дали учеството на завршниот турнир е остварливо?

-Сеуште сме послаби од најсилната конкуренција, но се ќе си дојде на своето место. Потребно е да се бориме како и до сега и да бидеме подеднакво добри  на домашен и гостински терен. Потребна е и спортска среќа, ждрепка, да бидеме сите здрави. Со Македонскиот менталитет и борбеноста, целта не е далеку.

5. Дали за следнава сезона, направената екипа е по ваш вкус?

-Новоангажираниот тренер Раул Гонзалес минатата година ја наследи екипата која претходно беше составена. Ангажираше два играчи, но тоа беше далеку од неговата визија. Сега доведе комплетни играчи, кои играат подеднакво добро во нападот и одбраната. Тука се шпанскиот репрезентативец и десен бек Македа, левото крило Дејан Манасков, средниот бек Циндриќ како и пикерот Марсениќ. Ние не сме богати како некои екипи кои ги донесоа Карабатиќ, Палмарсон. Но сето тоа ќе го надоместиме со некои други наши особини. 

6. Дали по завршувањето на кариерата ќе живеете во Шпанија?

-Има време да размислам на таа тема. Сега размислувам само за Вардар, каде ќе бранам во наредните три сезони, изјави Штербик .