Денеска во просториите на Фудбалската федерација на земјава беше извршено ждребување за првата и втората македонска фудбалска лига . Вардар ги дозна својте противници во прелиминарните кола .
Ждребката сакаше да црвено – црните да играат два дуела на почетокот од фудбалската сезона 2015/16 кои ќе бидат прогласени за “меч со висок ризик“ во екот на летната сезона . Поранешното скопско дерби со некогашна Слога Југомагнат денешен ФК Шкупи од скопски Чаир е првиот предизвик за вардарци . Истиот како домаќини ќе го играме на 9ти август со почеток во 17-30 часот . Веќе во второто коло гостуваме кај засилениот тим и по многу прогнози единствениот ривал за титулата тетовска Шкендија . Овој меч ќе се одигра недела подоцна на стадионот во Кичево каде тетовчани ќе бидат домаќини .