Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар против Кожуф ќе го почне ловот на Куп трофејот
ФК Вардар против Кожуф ќе го почне ловот на Куп трофејот

ФК Вардар против Кожуф ќе го почне ловот на Куп трофејот

По крајот на европските возбудувања момците од Вардар се фокусираат на домашните предизвици , така денес ги дознаа противниците во прелиминарните кола од ПМФЛ и Купот на Македонија .

Ловот на куп трофејот кој во нашите витрини го нема уште од 2007 година кога по победата во финалето на градски со 2:1 над прилепска Победа се закитивме со истиот ќе започне против тимот на ФК Кожуф. Мечот од оваа 1/16финална рунда ќе се игра на гостински терен и е предвиден само еден меч во овој круг од купот чии победник ќе иде во 1/8 финалето. ФК Вардар нормално е убедлиф фаворит на дуелот . Се надеваме конечно на двојна титула нешто што од 1995 година го немаме доживеано .

За подсетување денес црвено – црните ги дознаа и противниците во првите две кола во Македонската лига тоа се тимовите на Шкупи и Шкендија (види.)

Мечевите  од купот се закажани за на 12ти Август со почеток во 17 часот и 30 минути .