Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денес ќе биде познато во кој правец ќе заврши ПМФЛ
Денес ќе биде познато во кој правец ќе заврши ПМФЛ

Денес ќе биде познато во кој правец ќе заврши ПМФЛ

Денес со почеток од 13:00 часот во просториите на ФФМ ќе биде одлучено како ќе заврши тековната сезона 2019/20 во ПМФЛ. Челните луѓе на фудбалската федерација на Македонија заедно со претставниците од клубовите кои се дел од ПМФЛ ќе одлучат како ќе финишира сезона во најсилната македонска лига.

Вардар има голема бодовна предност од 10 бодови пред екипата на Силекс, односно 11 повеќе од тимот на Шкендија, а до крајот треба да се одиграат уште 13 кола. Прашањето е дали ќе бидат одиграни сите преостанатите натпревари, или ќе се доиграат само четири кола, а третата варијанта е да се означи целосен прекин на лигата. Прашањето е ако се прекине сезоната, дали ќе има прогласување на Шампион и по кој редослед ќе се пласираат екипите, врз основа на што ќе добијат можност да настапуваат во Европските натпреварувања.

Се надеваме на позитивна разрешница, за нашиот Вардар, кој заслужи сезонава да биде Шампион на Македонија. Со нетрпение се очекува одлуката на ФФМ, за „судбината“ на ПМФЛ во оваа натпреварувачка сезона.