Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новиот договор за Дибиров, значи дека русинот играчката кариера ќе ја заврши во Вардар
Новиот договор за Дибиров, значи дека русинот играчката кариера ќе ја заврши во Вардар

Новиот договор за Дибиров, значи дека русинот играчката кариера ќе ја заврши во Вардар

Европскиот ракометен Шампион полека го комплетира составот за следната натпреварувачка сезона. Радува фактот што во екипата ќе остане Тимур Дибиров, кој најверојатно и играчката кариера ќе ја заврши во Вардар.

Пред седум години, рускиот репрезентативец пристигна од екипата на Чеховски Медведи и по само шест месеци поминати во Вардар се обрза на верност за црвено-црниот дрес до 2020 година. Вчера известивме, дека Тимур, заедно со Дисингер и Стоилов, а од претходно и Чупиќ, ги продолжија договорите со клубот, по што останува „костурот“ на екипата и во новата сезона.

Дибиров навлегува во својата 37.година од животот, па се поочигледно е дека својата богата играчка кариера ќе заврши во Вардар, клубот каде ги постигна најголемите свои успеси, освојувајќи голем број на трофеи, од кои најважни се оние од Лигата на Шампионите.

Дибиров одби неколку понуди, од кои најконкретна беше на Брест Мешков, само за да остане во Вардар. Играчот кој е четврти најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 888 постигнати голови, има желба во иднина да стане спортски директор на Вардар, па да видиме дали таа желба за неколку години ќе биде реална, а зошто да не, Дибиров од јули ќе ја игра и својата осма сезона во црвено-црниот дрес.