Сташ Скубе во интервју за белоруска „Трибуна“ зборуваше за времето минато во македонски Вардар. За незаборавните денови, за навивачите и за историскиот успех на клубот.
Скубе ги опиша незаборавните денови во Скопје и рече дека тие моменти се најдобрите во неговиот живот.
„Триумфот во Лигата на шампионите ми е еден од најдобрите моменти во животот. Не можам да ја опишам таа среќа. Тоа беше мој прв Ф4 турнир и веднаш таква голема работа. Работевме напорно за тој успех, се боревме во клучните дуели до последната секунда. И покрај сите проблеми тимот покажа голем карактер. Горд сум на сите момци. Клубот покажа и тоа како голем карактер, немавме широка клупа, осум-девет играчи го понесовме товарот на Ф4. Секој даде повеќе од 100%. Можеби и среќата не посака на моменти, ама настап на Ф4 мора да биде заслужен. Чувствувавме дека можеме да ја освоиме ЛШ со тој ростер,без оглед на се. Мечот со Барселона беше многу потежок, затоа што губевме со седум гола на паузата, а потоа имавме импресивен кам-бек. Во финалето едноставно уживавме и немавме притисок. Тоа беше клучот за победата. Веспрем шест пати има играно Ф4, а нема титула, кај нив беше тој притисок. А, ние, немавме што да загубиме. Уживавме и одигравме врвен ракомет“, вели Скубе.