Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Дибиров: Го сакам Вардар, го обожувам Скопје затоа останувам овде
Дибиров: Го сакам Вардар, го обожувам Скопје затоа останувам овде

Дибиров: Го сакам Вардар, го обожувам Скопје затоа останувам овде

Капитенот на „Зборнаја“, крилото  Тимур Дибиров и во иднина ќе биде дел  од европскиот, регионалниот и македонскиот шампион Вардар.  „Староседелцецот“ во редовите на  нашиот миленик се реши да не ја менува средината и да остане верен на Вардар.
Тој во изјава за медиумите во Белорусија вели:

„Продолжувам  да настапувам во РК Вардар. Јас го сакам овој клуб, го сакам овој град, и среќен сум што ќе играм овде и во иднина- потенцира Дибиров.

„Летачкиот русин“ потоа призна дека имал контактни со Мешков Брест, но се одлучил да остане во Јане Сандански.

„Со раководството на Мешков Брест сум во добри односи и честопати сум во контакт со нив, но сегашната ситуација во клубот е дека не му треба лево крило, а во исто време и јас сум под договор со Вардар -вели Дибиров.