Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СУПЕР ВЕСТИ: Дибиров, Стоилов и Дисингер остануваат верни на Вардар!!
СУПЕР ВЕСТИ: Дибиров, Стоилов и Дисингер остануваат верни на Вардар!!

СУПЕР ВЕСТИ: Дибиров, Стоилов и Дисингер остануваат верни на Вардар!!

По денешното заминување на Сергеј Горбок и информацијата дека Никола Митревски нема да го облече ,,црвено – црниот” дрес, пристигнуваат одлични вести за навивачите на Вардар.

Новиот претседател Михајло Михајловски успеа да ги задржи Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер и во новата сезона да останат во Скопје и во редовите на Европскиот првак.

Ова се супер вести, бидејќи Вардар добива тројца супер играчи за следната сезона. Да не заборавиме дека во клубот останува и Чупиќ, а нов ракометар е и Томислав Јагуриновски. Следен кој треба да се согласи на останување е Глеб Калараш.

Овие денови очекуваме и нови имиња во Вардар, пред се на бековските позиции.