Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров верен на Вардар
Дибиров верен на Вардар

Дибиров верен на Вардар

Тимур Дибиров несомнено е легенда на РК Вардар. Од доаѓањето на левото крило во редовите на тимот од Скопје, речиси и да нема проблем Вардар со левата крилна позиција и потреба да мисли на други играчи кои играат на истата позиција.

Според последните информации до кои дојде ,,Вардар Фанс“, Дибиров е решен да остане во Скопје, во ,,црвено – црнитe” редови и во новата натпреварувачка сезона.

Не е тајна дека репрезентативецот на Русија веќе подолго време е посакуван од повеќе тимови, но и овој пат се чини дека останува во Скопје и ќе продолжи да се бори за нови титули на својот тим, Вардар.

Со останувањето на Тимур, Вардар и во новата сезона е сигурен на левата крилна позиција.